Синоќа во Лос Анџелес се одржаа наградите Critics Choice Awards, а на црвениот тепих прошетаа многу личности. Една од најзабележителните беше легендарната актерка Рита Морено, 90-годишна жена која носеше смел фустан.
Со изборот на фустанот докажа дека годините за неа се само бројка и дека за добар стил не е важно колку години имаш.
View this post on Instagram
Имено, таа носеше балски фустан во две нијанси – крем и боја на ф’стак. Носеше ракавици и помпезни набори околу рамениците. Спектакуларните обетки и едноставното ланче се совршен додаток, а благодарение на дискретната шминка сите погледнаа во нејзиното младешко лице.
“Не можам е**но да се движам во оваа работа. Не можам да кревам раце. Знам дека не можам да го употребам тој збор. Само ставете бип”, им рекла Рита на новинарите низ смеа, бидејќи оваа тоалета не и била удобна.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Рита Морено е една од ретките актерки која во својата кариера, долга повеќе од 70 години, успеала да освои четири најпрестижни награди во светот на филмот: Ејми, Греми, Оскар и Тони.
Таа исто така е и првата актерка со латино потекло која добила Оскар, а интересно е што продуцентските куќи продолжиле да и нудат помали улоги резервирани за припадниците на етничките малцинства. Сепак, нејзиниот талент, харизма, енергија, па дури и специфичен хумор не минале незабележано.
Фото: Принтскрин/