(ФОТО) Ќерката на Оливија Њутн-Џон проговорила по смртта на нејзината мајка, споделувајќи трогателни фотографии

ЌЕРКАТА на Оливија Њутн-Џон, Клои Латанзи за прв пат се огласи по смртта на нејзината мајка на својот Инстаграм профил и сподели серија фотографии со неа.
На неколку фотографии Клои може да се види како мало девојче кое позира со својата мајка, додека на други фотографии таа е веќе порасната.

Имено, мајката и ќерката биле исклучително поврзани. Клои беше единственото дете на Оливија, а родена е од врската со актерот Мет Латанзи, со кој беше во брак 11. години.
Само три дена пред смртта на нејзината мајка, Клои споделила нивна заедничка фотографија на Инстаграм со трогателен натпис.
„Ја обожавам оваа жена. Мајка ми. Мојот најдобар пријател“, напишала таа.



Оливија почина на 74-годишна возраст
Да потсетиме, Оливија Њутн-Џон почина на 74-годишна возраст. Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг рекол дека таа умрела во сон на нејзиниот ранч во Јужна Калифорнија во понеделникот наутро, опкружена со семејството и пријателите. Оливија се бореше со ракот на дојката повеќе од 30. години.
Таа честопати јавно зборуваше за својата борба, а последен пат јавно проговори на почетокот на оваа година.
„Се држам. Секој ден станувам посилна и подобра. Позитивното размислување е многу важно“, рекла таа во емисијата „Today Show“ во февруари. Нејзиниот сопруг, кој одгледува медицински канабис, беше нејзина голема поддршка.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …