(ФОТО) Кејт Мидлтон одзема здив во раскошните креации посветени на принцезата Дијана

Војводата и војвотката од Кембриџ моментално се наоѓаат во Пакистан, на петневна турнеја.
Нивната турнеја и официјално започнала вчера,а Кејт не губела време и веќе со својот прв аутфит оставила без здив. Војвотката облекла прекрасен фустан со тиркизна боја со соодветни панталони, токму онака како што во 1996. година носела, во доста слично издание, принцезата Дијана при посетата на Пакистан.



И’ фустанот и’ панталоните го носат потписот на дизајнерката Кетрин Вокер, инаку една од омилените дизајнерки на убавата војвотка. Овој аутфит го одбележало и враќањето на омилената стилистка на Кејт, Наташа Арчер која од минатата година била на породилно отсуство.



Вториот ден Кејт, при посетата на школо за незгрижени деца, облекла курта со кралска сина боја со панталони и шал кој доаѓа во комплет. Оваа креација го носи потписот на пакистанската дизајнерка Махен Кан.



Инаку, принцезата Дијана, при својата посета на Пакистан, носела многу слична курта со темно лилакова боја со раскошни златни детали.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …