(ФОТО) Кејт Мидлтон ја воодушевува Америка: Ново елегантно издание на принцезата

Принцезата Кејт Мидлтон ни покажува дека секогаш има место за одело
Кејт Мидлтон моментално го поминува времето во Америка со својот сопруг, принцот Вилијам, а за нејзините парчиња гардероба од Бостон веќе се зборуваше.
Убавата Кејт овојпат избра деловен стајлинг кој го приспособи на секојдневните деловни обврски.

Носи костум во боја на слива со остар крој и широки панталони со висок струк. Под впечатливото палто носела светло розова блуза со карактеристична машна врзана околу вратот. Изгледот го комплетирала со омилениот модел на чевли – салонки, но сега од антилоп, како и бојата на оделото. Во раката носи елегантна чанта која на сè дава допир на грациозност.



Покажува дека маскара, малку розово руменило и сјајни усни се доволни.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …