(ФОТО) Кејт Мидлтон го привлекла целото внимание: Блеснала во долг фустан, а за нејзиниот струк се зборувало и во утринската програма!

Водителот на утринската програма, Ричард Медли, предизвикал голема реакција кај гледачите коментирајќи ја Кејт Мидлтон.
Принцезата Кејт Мидлтон уште еднаш ги воодушевила сите со својот изглед за време на викендот. Кејт облекла вистински фустан на принцеза кој совршено го истакнал нејзиниот струк, за кој се зборувало и во утринската програма. Целото внимание било насочено кон прекрасната Кејт.


View this post on Instagram

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@dukeandduchessofcambridge)


Гледачите на емисијата „Добро утро, Британија“ не биле задоволни од начинот на кој се зборува за Кејт Мидлтон.
Водителот на утринската програма, Ричард Медли, предизвикал голема реакција кај гледачите коментирајќи ја Кејт Мидлтон.


Имено, Кејт Мидлтон со нејзиниот сопруг принцот Вилијам се појавила на доделувањето на наградата Earthshot во неделата, а водителот Ричард наместо тоа се фокусирал на „тенок, тенок, струк“ на Кејт.
„Таа е толку витка, нели“, и рекол тој на својата колешка, на што таа одговорила дека Кејт изгледа апсолутно одлично. Потоа Ричард додал: „Мал, тенок струк“.

На гледачите не им се допаднал коментарот на Ричард за половината на Кејт, а неколкумина ги споделиле своите размислувања на Твитер.
– Значи, целиот разговор е за животната средина и снимањето на Земјата, а Ричард зборува за големината на половината на Кејт!, пренесува британски Hello.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …