Кејт Мидлтон станува се’ потенка…
Војвотката е позната по нејзината витка фигура, но неодамнешните фотографии предизвикаа загриженост. Таа секогаш беше тенка, но досега не била до толку тенка.
Таа и принцот Вилијам биле во посета на центар за рехабилитација во Велика Британија.
За оваа пригода, Кејт одбрала прилагоден костум, здолниште и јакна и високи чизми. Стајлингот собрал многу позитивни коментари, но она што ги загрижи обожавателите на кралското семејство е нејзината фигура.
Војвотката изгледа загрижувачки тенка. Многумина коментираа дека таа е на работ на анорексија и посочиле дека нејзиниот изглед се должи на семејните тензии.
„Напуштањето на Бакингемската палата на Хари и Меган оставиле последици не нејзиниот изглед“, е главна тема во коментарите.