Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во вторникот ја посетиле главната лондонска болница за да им се заблагодарат на вработените на нивната служба за време на пандемијата со коронавирусот која го покорила цел свет.
Војвотката за таа пригода облекла розов костум, а нејзиниот избор на боја не можел да биде подобар со оглед на моменталната ситуација.
Имено, како што порачале од Вог, розовата боја е најдобар моден избор за изолација бидејќи симболизира љубов, сочувство и нежност – се’ што на луѓето во моментов им е потребно. Покрај тоа, нагласиле и дека кога сето ова ќе се заврши, розовата боја ќе владее и на улиците бидејќи повторно е една од хит боите на годината.
Поради тоа, ако сакате во изолацијата да се чувствувате малку подобро, послушајте ги модните експерти од Вог и, како Кејт, ставете на себе некој розов елемент (но, за разлика од неа, останете дома), а слободно можете да се облечете во розово од глава до петици бидејќи дома, поради тоа, никој нема да ве гледа чудно.