(ФОТО) ПРИЗОР КОЈ ТОПИ СРЦА: На баба и дедо, во самоизолација, внучињата им подготвиле изненадување!

Крис Пејџ, метеоролог на ITV, на својот профил на Твитер споделил преслатка фотографија од едни баба и дедо кои моментално, поради короновирусот, се во самоизолација.

„Најслатка работа која ја видов денес“, напишал покрај фотографијата која ја презел од својот пријател па додал:„Запамтете: Самоизолацијата, ако правилно се спроведува, не мора да биде осамена. Тешко е, но по насмевките на бабата и дедото се гледа дека уживаат во ова“.
Имено, овие двајца луѓе ја послушале препораката за одбегнување на социјални контакти, но нивните внучиња, тригодишната Флоренс и едногодишната Едит, пронашле начин како да ги изненадат и развеселат, пренесува Daily Mail. За да барем на момент се видат и дружат, се поздравиле преку прозорецот, а многумина ги разнежнил призорот во кој сите четворица ги потпреле своите дланки на прозорското стакло


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …