(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ се огласи ден по големата победа на Новак

ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ се огласи на социјалните мрежи еден ден откако нејзиниот сопруг Новак ја испиша историјата на тенисот.
Таа објави фотографија на која таа и српскиот тенисер го држат пехарот во раце, а нивните деца позираат со нив.


„23“, напиша Јелена во описот на објавата. Имено, со победата над Каспер Руд во своето 34. финале на Грен слем турнирите, Ѓоковиќ ја освои 23. Грен слем титула во кариерата.
Јелена верно го следеше финалето од трибините, а по победата Новак истрча до неа.


Заедно од средно училиште
За потсетување, Јелена и Новак се во брак од 2014 година. Тие се запознале во пошироко друштво, а токму разговорот за спортот ги поврзувал. Новак тогаш имал 17 години, а Јелена 11 месеци постара од него.
“Ме освои со нејзината насмевка на прв поглед. Секако, изгледот е секогаш на прво место, но љубовта бара многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех бидејќи знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна кога имаше 17 години. Таа е мојот најголем поддржувач, таа е способна, амбициозна и силна. Она што најмногу го сакам кај неа е нејзината искреност, тоа е она што не прави среќни“, рекол Ѓоковиќ во една пригода.

This image has an empty alt attribute; its file name is jelena-i-tara-cestitki.jpg

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …