Наративот на денешните светски списанија и медиуми воопшто е дека „секогаш мора да бидеме млади“.
Луѓето се опседнати со убавина и младешки изглед, па бројот на оние кои се одлучуваат за естетски корекции расте од ден на ден. Мал е бројот на луѓе кои немаат намера да „одат под нож“, туку да го одржат својот изглед преку природен и здрав начин на живот.
.
Меѓу нив е и американската манекенка, актерка и дизајнерка на ентериер Амбер Леџ Ланкастер, која се прослави со улогата на Џени Свенсон во шоуто на MTV „The Hard Times of RJ Berger“.
Амбер стана мајка на 39. години, претрпе тешки компликации за време на бременоста, а многу нејзини обожаватели навиваа да ја исполни својата улога како мајка.
Многумина мислеа дека е помлада, па неодамна ги шокираше сите со тоа што призна дека всушност има 42. години. Сите мислеа дека има најмногу 25. години, а познатата Американка ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед.
.
Меѓу козметичките производи што ги користи, на социјалните мрежи често ја споменува кремата со третиноин, за која тврди дека навистина и ја спасил кожата. Но, таа предупредила и дека ваквиот третман не е за секој тип на кожа и дека е потребно прво да се консултира дерматолог.
„Потребен ви е рецепт за тоа, а јас го користам 15. години и буквално ми ја препороди кожата“, рекла таа, пренесува Brightside..
Други производи кои Амбер ги користи за нејзиниот младешки изглед се серум со витамин Ц, навлажнувач со вазелин и силиконски крем што можете да го користите над вашите усни, кутикули, раце и потпетици.
„Штом рече дека имаш 42 години, решив да те слушам и да направам се што ќе кажеш“, напишала една, додека друга додала:
„Не ми се верува дека имаш толку години? Сега сакам да знам сè за тебе, бидејќи сум прилично сигурна дека си вампир“, се пошегувала една.
Фото: Принтскрин/Facebook