(ВИДЕО) Кардиологот Кедев е првиот Македонец кој искачил пет врвови над 8 илјади метри

12 години по искачувањето на Монт Еверест врв висок 8.848 метри кардиологот Сашко Кедев со нов предизвик за искачување на врвовите над осум илјади метри.
Кедев раскажува дека тоа било голем предизвик, но и прашање дали биолошки и физички ќе издржи? Во 2021 година во Септември го искачи врвот Манаслу на Хималаите осми врв по височина во светот, потоа Дауглагири во Непал и двата нови предизивици кои ги искачи за седум дена врвовите – К2 8611 метри и Брод Пик 8051 метар. Кедев е единствениот Македонец кој искачил пет врвови со височина над осум илјади метри. Кардиологот вели дека за него ова е голем предизвик, живот надвор од зоната на комфорот, а можност да го најдете својот пат во животот и да стигнете до целта.
По повод светскиот ден на планината вели дека секој може и треба да планинари но тоа не мора да значи дека секој мора да го искачи Еверест. Доволно е да се искачува и Водно и другите планини зошто така ја гледаме големината на природата како да живееме со околу нас. Кардиолошки и здравствено топло препорачува планина за секого.
Кедев нема најава за нови искачувања тој вели: Кога ќе решите продолжувате по својот пат. Тој вели дека го нашол неговиот пат и е среќен поради тоа. За големата авантура ќе зборува во вторник во 19 часот во Македонската филхармонија.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …