(ФОТО) Искрена изјава од Влатко Лозаноски-Лозано за неговото одбивање да настапи синоќа во Охрид на „Големата прослава на Македонија за НАТО и ЕУ“

Денеска би требало да очекуваме но и да видиме искрени изјави околу настапите или одбивањето на настапите на синоќешната семакедонска манифестација „Големата прослава на Македонија за НАТО и ЕУ“. Меѓу првите се огласи Влатко Лозаноски – Лозано, на својот профил на Фејсбук.


Почитувани,
Должност ми е да ви се обратам вам, на мојата публика, и да се изјаснам за она што се случуваше во врска со настанот. Да, бев дел од листата на изведувачи, но одлучив да не присуствувам и не настапив во Охрид. Ова беше моја голема одлука, околностите не беа лесни и засегнати беа многу страни, но она што секогаш во прв план го ставам е публиката. До ова скалило до кое што сум дојден на музичката сцена е само поради вас и секогаш ќе биде само поради вас. Јас сум пејач, музичар и уметник и само поради такви причини сум прифаќал настапи пред публиката. Овојпат ситуацијата ескалираше и увидов дека во такви моменти не треба да пеам. Верувам дека ќе има многу убави музички настани во иднина каде ќе ја славиме музиката. Пред вас сум за да ве спојам меѓусебно преку музиката, а не да ве поделам. Никогаш не сум бил политички определен, музиката е таа што ме насочувала и ќе ме насочува во животот. Искажувам голема почит кон сите мои колеги и организаторите на настанот, но мене публиката секогаш ќе ми биде на прво место. Сите овие години ви дадов толку многу љубов вам, на моите фанови, и двојна љубов ми беше возвратена од вас, што никаква пречка нема да дозволам да се појави за тој круг да се прекине.
Свесно и одговорно стојам зад оваа одлука без разлика какви ќе бидат последиците.
Ви благодарам за
големата поддршка цело ова време!
Со почит, Влатко Лозаноски-Лозано.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …