(ФОТО) „ИМА ГЛАС НА АНГЕЛ, КАРАКТЕР НА ЦРН ЃАВОЛ“: Пејачката го малтретира персоналот, доцни 30 минути на работа, пие цела ноќ…

Кристина Агилера (41) има убав глас, но лоша репутација, а доказ за тоа се многуте кавги во кои била вклучена пејачката
Кристина Агилера (41) стана светски позната во моментот кога го слушнавме нејзиниот ангелски глас, но се чини дека тука завршуваат сите убави работи За пејачката.
Никој на јавната сцена не е толку познат по расправиите како Кристина Агилера. Наведете пејач или музичар и Кристина Агилера веќе се скарала со него.
Останува да видиме дали се работи за проблем со алкохолот или само лошиот карактер.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-agilera-1.jpg


Темната страна на Кристина Агилера:
Агилера помина пет години како судија и ментор на музичкиот натпревар „The Voice“, но и таму баш не се прослави.
Имено, иако учеството во ова шоу и помогна во однос на репутацијата и големата заработка, Кристина успеала да испровоцира дел од организаторите нарекувајќи го шоуто „впивач на енергија“:
„Тоа стана нешто за кое не мислев дека ќе стане во моментот кога се пријавив да учествувам. Воопшто не беше за музика. Тоа беше само за создавање добра приказна и за ‘правење’ одредени моменти. Не влегов во оваа работа за да бидам водителка на ТВ шоу и да бидам ограничена со правила: ‘Не можеш да го носиш ова, не можеш да го кажеш тоа’. Очајнички се обидував да се изразам преку облека, шминка или коса. Тоа беше мојот единствен излез“.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-agilera-2-485x1024.jpg


Организаторите и замериле бидејќи на Кристина и плаќале неверојатни 17. милиони долари по сезона!!
Оние кои работеле или работат со неа велат дека Кристина е исклучително „тешка за работа“.
„Кристина е ужасна за работа. Често доцни и никогаш не ѝ е жал што сите ја чекаме. За да биде уште полошо, таа се караше со Адам (Левин) во текот на целото шоу. Тие не можат да се поднесат”.
Оние кои работеле со неа тврдат дека Кристина има ужасно „пргав карактер“ и дека е сосема нормално таа да се нафрли по шминкерите, фризерите, костимографите…

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-agilera-3-684x1024.jpg


Кога дошла на снимањето на The Voice, Кристина често доцнела и по половина час, па целата екипа морала да ја чека.
Поради ова, оваа емисија брзо ја прекина соработката со неа и ангажираше други пејачи.
Кристина не можела ни да ги задржи вработените долго. Речиси сите ја напуштиле наведувајќи дека е „неверојатно груба и со многу барања и дека ужасно се однесува кон нејзиниот персонал“, инсистирајќи да бидат достапни 24/7.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-agilera-4.jpg
„Никогаш не и е проблем да разбуди бебиситерка или собарка за најбанално нешто. Еднаш ја повикала чистачката да дојде од другиот крај на куќата и да и подаде крпа што и била на дофат”, рекол изворот.
Познато е дека Кристина има проблеми и со алкохолот и дека тоа е главната причина поради која брзо се здебелува, а воедно и слабее.
Многумина се надеваат дека сегашниот вереник ќе ја врати на вистинскиот пат, но тоа досега не се случило.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …