(ФОТО) И’ двете се вљубени во ист човек: Вака изгледаше средбата на Лејди Гага и Ирина Шајк

Пред неколку дена во медиумите се појави веста дека пејачката Лејди Гага ја раскинала веридбата со својот менаџер, а наводно се’ поради глумецот Бредли Купер…

Веќе со месеци се шушка дека глумецот Бредли Купер и пејачката Лејди Гага откако го снимиле филмот „Ѕвездата е родена“ имаат чувства еден кон друг.
На 91. доделување на Оскарите можевме накусо да видиме други односи. Бредли дошол во друштво на мајката и својата партнерка Ирина Шајк и двете држејќи ги за раце.


Откако Гага го освоила Оскарот најдобра оригинална песна, убаво се избакнала со Ирина Шајк и многумина после овој срдечен однос заклучиле дека споменатите нагаѓања се сепак лажни.


Други пак и понатаму се убедени дека Лејди Гага има сериозни чувства кон маркантниот глумец.
Останува да почекаме времето да го даде вистинскиот одговор.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …