(ФОТО) ХРАБРА – САРА Е РОДЕНА БЕЗ РАЦЕ НО ТОА НЕ ВЛИЈАЕЛО НА НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ: Се’ прави со нозете а успеала да оствари и ГОЛЕМА ЖЕЛБА!

Сара Талби (39) од Брисел е родена без двете раце.
Лекарите никогаш не најдоа одговор на прашањето зошто, а Сара сега на социјалните мрежи покажува дека тоа не ја спречило во ниту една активност.


View this post on Instagram

A post shared by Sarah Talbi (@saritalbi)


Сара чисти зеленчук со нозете, готви, вежба, го храни детето, се капе и ја мие косата. Таа вели дека како девојка не се чувствувала различно од другите деца.
– Се разбира, моите врсници прашуваа зошто немам раце, но не ми беше чудно што немам раце. Пораснав мислејќи дека има луѓе како мене низ целиот свет, едноставно не се знаеме – вели таа.


Во 2018 година, Сара станала мајка на девојчето по име Лили.
Таа вели дека тоа било најубавото искуство во нејзиниот живот, иако, очекувано, не поминало без проблеми.
– Мислам дека е тешко за сите жени кога ќе станат мајки. Тоа е огромна промена и одговорност. Ми требаше време да се навикнам на фактот дека сега сум одговорна за друг живот. Три години подоцна, се чувствувам одлично – вели таа.
– И’ ќерка ми се навикна на се. На пример, кога одиме по улица, таа ми го држи ракавот исто како што би ме држела за рака. Многу ми е смешно, бидејќи кога сака да оди да види нешто, ми го влече ракавот и ме замолува да одам таму. Таа се уште не разбира дека не можам да ја спречам во тоа да оди – вели таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …