Иман и Санија Моват (20) се близначки кои се родени споено. На возраст од само три месеци, тие биле подложени на 16-часовна операција за разделување во детската болница во Бирмингем.
Операцијата, која како таква никогаш досега не била изведена во Велика Британија, и само двапати досега во светот, ја водел неврохирургот Тони Хокли.
Тие се’ уште се многу поврзани, дури спијат како да се поврзани, а поминале 20 години. И покрај фактот дека имале само пет до 25. проценти шанси за преживување и ризик од парализа, нивните родители одлучиле да се оперираат.
Сестрите се согласија дека раздвојувањето била добра одлука, бидејќи им овозможила да водат индивидуален живот. Сепак, тие откриле дека се уште се многу блиски. Тие во моментов се во втора година на колеџ и имаат уште една сестра. Додале дека иако се различни, секогаш сакаат да бидат една до друга.
„Понекогаш спиеме во иста положба како и кога бевме поврзани“, додала Иман.
И двете имаат спина бифида и слаба страна на телото што им предизвикува болки во грбот и проблеми при одење. Секоја има една нога пократка од другата, а Иман понекогаш користи инвалидска количка или патерица за одење.
И’ покрај здравствените проблеми, тие рекле дека напредувале далеку над очекувањата на лекарите. Самото тоа што тие воопшто оделе било чудо.
Во видеото подолу, можете да видите како тие го прославиле својот 18 -ти роденден пред две години.
Фото: Принтскрин/YouTube