(ФОТО) ХОРОР – САРА (46) ИСЧЕЗНАЛА ПРЕД ЕДНА ГОДИНА: Мајката на пет деца водела мирен живот а потоа и се загубила секоја трага – Сега нејзиниот бивш дечко е обвинет за убиство!

Сара Велгрин (46) исчезнала на 10 октомври минатата година а за нејзиното убиство бил обвинет човекот со кого живеела. Мајката на пет деца исчезнала од домот во Кент, Англија, кој го делела со своето момче, таксистот Бен Лаком (39). Нејзиното тело сè уште не е пронајдено.
Имала нова работа, работела како козметичарка и водела „среќен живот и имала многу нешта да им се радува“, се слушнало на судењето. Нејзиниот партнер негира дека ја убил на 9. октомври минатата година.
Таа една од нејзините последни пораки му испратила на пријател: „Секогаш има нешто што можеш да очекуваш, само треба да ги отвориш очите и повеќе да сонуваш“.
Жената исчезнала рано наутро на 10. октомври, а обвинителката верува дека таа ноќ не била киднапирана и убиена од странец.


❤️ PLEASE ALL SHARE ❤️Sarah and her family have all undoubtedly been in everyones thoughts and prayers and we thank you…

Gepostet von Search for Sarah Wellgreen am Freitag, 28. Dezember 2018


„Таа не излегла од дома по своја волја, оставајќи пет деца од која било причина,за да никогаш не се врати. Таа била убиена од нејзиниот поранешен партнер и само тој знае што направил со телото“, рекла обвинителката.
Обвинителката исто така верува дека само Лакомб ги знае деталите за смртта на Сара.
Двајцата се запознале преку Интернет во 2004. година, а во моментот на нејзината наводна смрт, нивната врска била опфатена со „тензии и проблеми“. Тие раскинале, но сè уште живееле под ист покрив и „се чини дека потенцијалното губење на семејниот дом и недвижниот имот, како и на децата, биле мотив за неговото дејствување“.
Во ноќта на наводното убиство, Лакомб рекол дека спиел, но сведок од домот изјавил дека ниту тој ниту Сара Велгрин не биле таму. Нејзините клучеви, телефон, паричник останале во куќата, но не биле пронајдени траги од крв или напад и немало снимки од надзорната камера за да се покаже дека некој друг бил на таа адреса.


Detectives investigating the disappearance and murder of #NewAshGreen resident Sarah Wellgreen are renewing an appeal…

Gepostet von Kent Police am Montag, 11. März 2019

Обвинителството верува дека Лакомб ги исклучил камерите за надзор среде ноќ и го паркирал автомобилот на необична локација за да избегне да биде снимен. Неговиот автомобил, наводно, бил снимен од други камери но не е познато во која насока отишол за да се ослободи од телото.
Откако раскинала со Лакомб во 2014. година, Сара започнала да се гледа со други. Една ноќ, кога се вратила дома, пронашла сменети брави. Таа одела на терапија за депресија, но и било се подобро. Таа сакала да мy го плати на Лакомб дел од куќата и планирала да ја стави под хипотека и испратила меил во кој ја прифатила новата работа.
Судскиот процес продолжува.

Екран.мк/Miror
Фото: Printscreen/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …