Бројот на продадени копии на ефтиниот кинески електричен автомобил со цена од 4500 долари, го надмина бројот на продадени автомобили на Тесла во Кина.
Овој многу компактен автомобил се покажа како вистински мал хит и донесе голем приход на кинескиот производител на автомобили, SAIC Motor. Hong Guang Mini EV со значката на Wulinga во Кина, се произведува во соработка со американскиот производител на автомобили Генерал моторс.
Според „Автоблог“, само минатиот месец, бројот на продадени автомобили е двојно зголемен во споредба со продадените автомобили на „Тесла“.
Иако најпопуларниот модел е 4500 долари, со доплата од околу 500 долари може да добиете модел кој има вграден систем за климатизација.
Според експертите, иако каска за Тесла според опсегот затоа што со едно полнење надминува само 160 км (но, сосема доволно за во град), квалитетот и големината, малиот електричен автомобил го компензира тоа со цената и големината.
Поради својата големина, автомобилот може да се паркира насекаде и е практичен за големите и преполни кинески градови.
Малото електрично EV се продало во 25.778 парчиња само во јануари, додека Тесла, за споредба, продала 13.843 парчиња.
Иако има голема разлика во бројот на продадени автомобили, продажбата на електрични автомобили од висока класа е во пораст во Кина, каде „Тесла“ лани ја удвои продажбата.
Фото: Mini EV