Ана, ќерката на легендарниот гитарист Влатко Стефановски, стана доктор на науки. Таа го одбрани докторатот на Универзитетот во Падова, Италија, а Влатко веднаш и се пофали дека таа докторирала и објави заедничка слика на „Инстаграм“.
„Мојата ќерка Ана само што ја одбрани докторската дисертација на Универзитетот во Падова“, напиша тој.
Ана по професија е дизајнер и претходно магистрираше дизајн во Италија. Синот Јан, пак, од пред неколку години свири тапани во триото на Стефановски.Влатко често говори дека е горд на своите две деца и на успесите што ги остваруваат во животот, нагласувајќи дека иако тие сега живеат во друго време од она во кое растел тој, сепак израснале во прекрасни млади луѓе.
Инаку Влатко Стефановски е роден во Прилеп, 24 јануари 1957 – македонски рокер, поп и џез музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“.