Секој успех на наш човек е гордост не само за него, неговите најблиски туку и за нас како нација…
Поради тоа со задоволство ја пренесуваме објавата на Огнен Јанески за успехот на неговата другарка, Фани Гилевска, која го освоила Научниот Оскар…
„Мојата докторица и другарица, Fani Gilevska, офталмолог од Sistina Oftalmologija ја доби меѓународната награда MEDIS, или попознато и како „Научен Оскар”. ❤❤❤
Таа беше меѓу финалистите на Меѓународните награди „Медис за медицинско истражување” (International Medis Awards for Medical Research).
Меѓународниот натпревар Медис за медицинско истражување е интернационален натпревар за извонредни истражувачки достигнувања во девет земји од Централна и Југоисточна Европа и опфаќа девет медицински области.
Овие награди се доделуваат како почит за извонредните доктори и фармацевти кои покрај редовната работа, спроведуваат и истражувања без кои нема иновации во медицината и фармацијата, ниту ефикасно справување со болестите.
Д-р Гилевска беше една од двата финалиста во полето на офталмологијата во кое учествуваше со научното истражување извршено во Систина Офталмологија на тема:
– „Дали може да се предвидат промените во видната острина и астигматизамот по крос-линкинг третман на кератоконус? (Are changes in visual acuity and astigmatism after corneal cross-linking (CXL) in keratoconus predictable?) кое беше објавено во Граефес Архива за Клиничка и Експериментална офталмологија (Graefes Archive for Clinical and Experimental Ophthalmology).
Д-р Фанка Гилевска е специјалист офталмолог чија област од посебен интерес е дијагностика и третман на болести кај лица со дијабет, рефрактивна хирургија, дијагностика и третман на кератоконус. Во 2012 година д-р Фанка Гилевска ја добива наградата на Меѓународен конгрес со тема „Корелација помеѓу дијабетичен едем на макула и видна острина“ во Брач, додека во 2015 година ја добива наградата „Зерголен Чупак“ за најдобар млад офталмолог, со темата „ЛАСИК – први искуства“ во Загреб.
Настанот се одржа на 25-ти ноември 2021 во Љубљана, Словенија. Оваа година финалисти на натпреварувањето беа медицински лица од Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина.
Фото: Принтскрин/ Facebook