Горд Луис (65), еден од соосновачите на канадската панк рок група „Teenage Head“, е пронајден мртов во својот стан во Хамилтон. Телото го пронашла полицијата, а според медиумите осомничен и обвинет за убиство е неговиот син Џонатан Луис (41).
Според соопштението на полицијата, гитаристот бил мртов два-три дена пред да биде пронајдено телото.
Детективката на Хамилтон, Сара Бек, рекла дека полицијата го посетила станот на Горд, откако до различни медиуми пристигнале серија мејлови со информации за мртво лице.
Полицијата соопшти дека изгледа дека Горд и Џонатан живееле заедно.
„Џонатан беше уапсен веднаш откако полицијата пристигна во станбената зграда“, рекла детективката Бек.
Братот на Горд, Брајан, ја потврдил тажната вест.
„Тоа е загуба на саканиот брат и многу комплицирана ситуација“, рекол тој, опишувајќи го Горд како „нежен, уметнички и музички инспиративен, полн со љубов и лојален“.
Founding guitarist of punk band Teenage Head murdered, son charged https://t.co/2HFZVuFOfn
— National Post (@nationalpost) August 9, 2022
Фото: Принтскрин/Twitter