(ФОТО) ГИ ПРЕКРШИЛ ПРАВИЛАТА: Принцот на Белгија позитивен на корона вирус – после посетата на забава во Шпанија!

Белгискиот принц Јоаким е позитивен за КОВИД-19, откако присуствувал на забава во Шпанија, каде е заразен, пренесува БиБиСи.
Белгиската палата открила дека 28-годишниот принц од Белгија отпатувал за Шпанија на 26. мај, поради работа. Во Кордоба, тој одлучил да посети една од забавите на кои присуствувале 27 лица.


Според правилата што важат за Кордоба, но и некои други шпански градови, дозволено е да се соберат максимум 15 лица на едно место. Властите започнале истрага за да утврдат дали се прекршени строгите правила.
Секој што присуствувал на забавата во моментов е во строг карантин, а принцот Јоаким рекол дека чувствува само благи симптоми на болеста.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …