На денешен ден, пред четири години е родено второто дете на принцот Вилијам И Кејт Мидлтон – прицезата Шарлот.
Во чест на четвртиот роденден на принцезата Шарлот, гордите родители, Кејт и Вилијам, објавиле три нови фотографии на официјалната страна на Кенсингтонската палата, на Инстаграм.
Фотограф и овојпат била Кејт Мидлтон која ја фотографирала разиграната Шарлот во април оваа година, на нивниот имот. Малечката Лоти (како што ја викаат Шарлот) на фотографиите е облечена во ретро стил со преубвава машна на главата во морнарска сина боја.
Денеска Шарлот својто роденден ќе го прослави во кругот на семејството на нивниот имот.
Шарлот своите денови ги минува во градинка и на часови по балет. Тато Вилијам во една пригода истакнал дека малечката принцеза обожува да танцува.
Добрите познавачи на кралското семејство тврдат дека таа многу личи на нејзината прабаба, кралицата Елизабета II.
Погледнете повеќе фотографии од принцезата Шарлот која со секое појавување во јавност и тоа како умее да го привлече вниманието.