(ФОТО Галерија) Доказ за љубов: Фотографиите на Деми Мур и српската стилистка ја потврдиле нивната љубов!

Детската смеа кај двете предизвикала радост и веселба како и доказ дека одлично си поминале…
За врската на американската глумица Деми Мур и српската модна стилистка Маша Манџука почнало да се пишува пред две години. Но, се чини дека дури сега вљубените партнерки се подготвени да ја потврдат својата романса.


На најновите папарацо фотографии снимени во Лос Ангелес пред неколку дена јасно се гледа дека глумицата Деми Мур и Маша Манџука ги поврзува многу повеќе од пријателство.
Црнокосата холивудска глумица и стилистката од Србија минале опуштен ден во друштво на двегодишната ќерка на Маша за која главно се грижела Деми. Детската смеа и кај двете предизвикало радост и веселба и се гледа дека убаво си поминале.



За љубовта помеѓу 56. годишната глумица и српската стилистка почнало да се пишува уште пред две години, но и минатото лето кога токму поради маша Манџука глумицата пристигнала во Белград.
Деми зад себе има три брака, со Фреди Мур, потоа со Брус Вилис со кого добила и три ќерки и на крај со младиот Ештеон Качер. Последниот брак „потполно ја скршил“.

Дека после три пропаднати бракови среќа пронашла во прегратка на девојка, може да се наслути и од фактот дека одамна се познава со Маша која одлично се согласува со нејзините три ќерки. Освен тоа глумицата наводно и помага на својата девојка околу одгледувањето на нејзината двегодишна ќеркичка.

„Деми е како втора мајка на Руми. често можат да се видат во прошетка по Лос Ангелес“, открил непознат извор за Даилѕ Маил. Но, Деми за се мудро молчи, токму како и нејзината наводна девојка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …