(ФОТО) Филипа Коан е вистинската: После четири години врска во тајност се венчале Џад Лоу и неговата 14. години помлада избраничка

На интимна церемонија, одржана во Лондон, глумецот Џад Лоу се венчал со Филипа Коан, а меѓу званиците биле само најблиски пријатели и семејството.
Кога во февруари потврдиле дека после четири години врска се свршиле, никој не очекувал дека венчавката на Џад Лоу и неговата 14. години помлада партнерка, Филипа Коан, ќе се случи така бргу.


View this post on Instagram

46歲Jude Law今日和心理醫生女友Phillipa Coan低調結婚了!他倆拍拖4年,Jude Law終於定下來了🎉 #judelaw #phillipacoan #明星 #結婚 #shebrides


A post shared by shebrides (@shebrideshk) on


Само три месеци подоцна, на интимна церемонија во Лондон, 46. годишниот глумец и се ветил на верност на својата животна партнерка. На венчавката присуствувале само најблиски пријатели и семејството, а за својот ден од соништата Филипа избрала необично кусо фустанче со боја на шампанско и соодветен шешир, додека Џад Лоу изгледал елегантно во темен костум.


Венчавката е одржана кај матичар и тоа во Градското собрание каде пристигнале заедно во „Ренџ ровер“. Еден час подоцна од собранието излегле заедно со венчални прстени на рацете.


Обредот многумина изненадил, бидејќи се нагаѓало дека парот ќе се венча оваа пролет во франција и дека на славјето ќе присуствуваат и неговите холивудски колеги. Се нагаѓа дека на Џад Лоу венчан кум му бил неговиот најстар син Раферти, кого го добил во бракот со Седи Фрост.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …