(ФОТО) Еве каде синоќа бил украинскиот евровизиски коментатор

Мирошниченко ја коментирал Евровизија од импровизирано студио во засолниште…
Украина синоќа се пласираше во финалето на Евровизија, а „Оркестарот Калуш“ ги воодушеви гледачите ширум Европа.
Изборот за „Песна на Евровизија“ синоќа беше следен во дел од Украина, а на Твитер се појави фотографија од нивниот коментатор Тимур Мирошниченко, кој го следел натпреварувањето и го пренесувал на украинската телевизија.
Мирошниченко ја коментирал Евровизија од импровизирано студио во засолниште, а неговата фотографија, објавена на Твитер од британскиот евровизиски новинар Вилијам Адамс, предизвика бурни емоции на социјалните мрежи.


Украина е главниот фаворит на кладилниците за победа на Евровизија во Торино.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …