(ВИДЕО) ЕВРОСОНГ – Литванската претставничка направи изненадување: Од дното до финалето, во стар фустан!

„Размислував за друг фустан, но пред се тој што ми се допадна беше многу скап“, изјавила Моника Лиу
Едно од најголемите изненадувања на синоќешното полуфинале на Евровизија е Моника Лиу, литванската претставничка за која денес шушкаат социјалните мрежи. Девојката со необичната фризура, која пееше на мајчин јазик, се пласираше во финалето, иако обложувалниците не и дадоа никаква шанса. Пред полуфиналето Моника беше на самото дно, а потоа Европа ја слушна нејзината песна и ја виде на сцената.


Моника пееше на Евровизија во истиот фустан со кој пееше на натпреварот во Литванија. Новиот, вели, бил прескап.
-Размислував за друг фустан, но пред се’ тој што ми се допадна беше многу скап. Освен тоа, сфатив дека фустанот што го имам е едноставно многу соодветен и дека веќе стана составен дел од мојот настап – изјавила претходно пејачката.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …