(ФОТО) Ештон Качер на бившата поќерка и подарил вила вредна 1. милион долари

Глумецот, наводно, сака да ги прекине сите врски со бившата сопруга и нејзиното семејство па се одлучил на овој потег. Ештон и ќерката на неговата бивша сопруга куќата заедно ја купиле во 2009. година…

Глумецот Ештон качер (40) бил во брак со колешката Деми Мур (55) а таа ги има ќерките Румер (30), Талула (24) и Скоут (27) од бракот со бившиот сопруг Брус Вилис (63). Ештон со некогашната поќерка Румер, со која одлично се согласувал како и со нејзините сестри, во 2009. година купил вила вредна 970.000 долари, тврди Daily Mail.


Станува збор за недвижнина во квартот Холивуд Хилс во Лос Ангелес, а Качер и ќерката на Деми ја поделиле сопственоста над имотот. Глумецот, како што пишува Daily Mail, сака да ги прекине сите врски со бившата сопруга и нејзиното семејство, па се одлучил на овој потег. Покрај тоа Румер, која како и нејзините родители и сестри се бави со глума, на суд ги предала документите кои докажуваат дека таа и бившиот очув склучиле договор за сопственост над куќата.
Но, не е познато, дали Ештон ќе бара пари за својата половина на вилата, а на страницата за недвижнини пишува дека вилата е продадена за 572.000 долари. Наводно, сопругата на Качер, Мила Кунис (35) морала да потпише документи за предавање на куќата на Румер бидејќи со мажењето се здобила со право на косопственост над истата.


Ештон и Деми ги изненадиле бројните фанови и пријатели кога ја започнале својата врска во 2003. година бидејќи разликата во години била голема – 16. години. Се венчале во септември 2005. пред 150. членови на семејството и пријатели, а на свадбата бил и бившиот сопруг на Деми, Брис Вилис.


Актерската двојка се развела во ноември 2013. година, поради непомирливи разлики, а Качер и пред да го заврши бракот со Деми започнал врска со Мила. Ештон и Мила Кунис ги имаат ќерката Вајт (4) и синот Димитрија (2).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …