(ФОТО) Ед Ширен купил четири имоти:„Гради подземно кино со кафуле“

Ирскиот пејач веќе има своја вила со базен, џакузи и голема куќичка на дрво, но сака се’ да подобри за заедничкиот живот со Шери…
Пејачот Ед Ширен (26) неодмна се свршил со својата девојка, советничка за данок, Шери Сиборн (25) со која е во врска од 2015. година. Ширен купил четири соседни имоти покрај својата вила во англиското село Суфолк за да создаде совршен дом за себе и Шери.


„Планира да направи ’царство’ за нивниот заеднички живот. Дури ќе изгради и’ подземно кино, а ќе засади и стебла на вишни во чест на девојката која своето име го добила по тоа овошје“ раскажал пријател на пејачот.
Ширен во куќата во која веќе живее има голема куќичка на дрво, џакузи и базен. Ирецот им се допаѓа на соседите и мило им е што планира да остане во нивното село.
„Ед е одлично момче и секогаш е пријателски расположен да разговара со нас кога ќе се сретнеме. Кој може да ’го обвини’ што сака да се скраси токму во овој прекрасен дел од светот“ рекле соседите.
Се пошегувале дека никој нема да се жали ако гласно пушта музика, секако, бидејќи никој не живее блиску до него.Ширен имал намера да изгради и музичка соба, помеѓу две посебни соби за забава.Ќе ја пренамени шталата на имотот, а од порано имал приватно кафуле кое се наоѓа под земја.
„Во него се влегува преку тунел од куќата и ги имам набавено сите најдобри пива. Кога имам забава сите преминуваме долу во кафулето“ раскажал во една пригода Ширен.
Пријателите на пејачот велат дека сака совршен дом бидејќи наскоро ја планира венчавката со свршеницата а би сакал да има и деца.
„Подготвен сум за деца. Уживам во животот со Шери. Имаме мачки, гледаме филмови и си нарачувме достава. Никогаш порано не сум имал таква врска“ заклучил ирскиот пејач.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …