(ФОТО) ДВОЈНИ СТАНДАРДИ – ДА ГО НАПРАВЕШЕ МЕГАН МАРКЛ ОВА, БИ ЈА РАСПНАЛЕ: Се појави фотографија од Кејт Мидлтон од погребот на кралицата, за која велат дека е СКАНДАЛОЗНА!

Иако поминаа речиси три дена од погребот на кралицата Елизабета Втора, сепак впечатоците не се смируваат, а јавноста не престанува да го анализира секој детал од овој историски настан.
Јавноста, очекувано, најмногу ја заинтригира односот меѓу членовите на кралското семејство, а особено начинот на кој сите се однесуваа кон принцот Хари и Меган Маркл, кои своевремено се откажаа од сите кралски должности и се преселија во Америка.

This image has an empty alt attribute; its file name is megan-place-833x1024.jpg
Очигледно е дека помирувањето не се случи – Меган и Хари не присуствуваа ниту на приемот пред самиот погреб, а војвотката од Сасекс беше на видлива дистанца од сите на погребот. Дека ни британската јавност не и е наклонета на Меган, јасно се гледа по дискретните забелешки во официјалните медиуми, па дури и во телевизиските емисии, но и со разни мемиња, фотографии и коментари на социјалните мрежи.
На пример, на самиот погреб камерите во неколку наврати успеаја да ја фатат Меган со солзи во очите, а набрзо токму поради тоа беше мета на жестоки критики. Малкумина веруваа дека тоа е искрена реакција, бидејќи ја обвинија за лажни солзи и извонредна глума.


Од друга страна, од погребот се појави фотографија од Кејт Мидлтон каде таа е насмеана додека разговара со еден од свештениците, но јавноста набрзо и прости на новата принцеза од Велс, а оваа ситуација не се споменува многу.
Се разбира, Кејт веројатно само сакала да биде културна и љубезна, но обожавателите на Меган Маркл набрзо се запрашале што ќе се случеше ако ситуацијата беше обратна? Кејт да беше таа што плачеше, а Меган беше таа што се смееше?


This image has an empty alt attribute; its file name is megan-i-hari-2.jpg

„Само замислете го срамот и хаосот ако Меган Маркл се појави на погребот на кралицата и се осмели да се насмее“, гласи реченицата која кружи на Инстаграм и Твитер.
И навистина – ако Меган се насмеаше за време на погребот на кралицата, практично ќе беше „распната“ во јавност, многу полошо отколку што беше за солзите, а Кејт ќе беше славена дури и ако испуштеше и пушти неколку солзи за време на погребот. .

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …