(ФОТО) Драган Вучиќ испратен во вечното почивалиште: Мартин во солзи му порачал „Нека те чуваат ангели!“

Драган Вучиќ денес беше погребан на гробиштата во Бутел, а го испратил синот Мартин со сопругата…

Денес на градските гробишта во Бутел беше погребан композиторот, пејач и водител, Драган Вучиќ. На погребот присуствувал синот Мартин заедно со сопругата неколку блиски роднини и пријатели.
Ситуацијата со корона вирусот не дозволи Драган да го испратат многу бројни музичари и пријатели, но вчера на социјалните мрежи дел од нив се простија со емотивни пораки.


На погребот не присуствуваше неговата сопруга Весна, кој е позитивна на корона вирусот, но за сега нема никакви симптоми.


Подалеку и на растојание биле и околу 40.ттина блиски на семејството Вучиќ, меѓу кои беше Цветанка Ласкова, Бени од „Нон стоп“, но и многу негови колеги од телевизиите и пријатели. Ретко кој од нив можел да се препознае, бидејќи, како што налага протоколот сите беа со маски и на растојание.

Посмртните останки на Драган беа пред капелата, каде се палеа свеќи и се запишуваа во книгата на жалост. „Почивај во мир легендо“, „Нека ти е лесен патот кон ангелите“, „Никогаш нема да те заборавиме, легендите не умираат“ се само дел од пораките кои беа запишани во книгата на жалост.


Инаку Драган почина како последица од компликации на коронавирусот на Инфективната клиника во Скопје. Министерот за здравство, Венко Филипче вчера во соопштение кажа дека и покрај сите напори на докторите, Драган бил со многу тежок наод на белите дробови.

Извор: mms.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …