(ФОТО) Диего Марадона уапсен!

Диего Марадона бил запрен на аеродром и уапсен откако неговата бивша девојка го „пријавила“ дека и должи 9. милиони долари отпремнина…
Локалните медиуми во Буенос Аирес известуваат дека фудбалската легенда била уапсена на аеродромот во главниот град на Аргенитна откако слетал од Мексико.
Се говори дека причина за апсењето е тоа што одбил на бившата девојка, Роцио Олива, да и плати отпремнина која била судски договорена.


Парот уживал во шестгодишната врска пред да прекинат во декември минатата година.
Сега, Олива,почнала судски процес во семејниот суд во Сан Мугиел поради „наплата на економска компензација“ од 58. годишниот бивш фудбалер.



Марадона од Мексико, каде е менаџер на клубот „Допрадос де Синалоа“, се вратил во татковината каде бил уапсен. Судскиот процес е закажан за 13. јуни, а Матиас Морла, адвокатот на Марадона, вели дека жестоко ќе се борат.

Неколку минути пред да биде уапсен Диего Марадона на својот профил на Инстаграм споделил фотографија со својот адвокат кој го чекал на аеродромот…


Извор: The Sun

Фото: Инстаграм

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …