(ФОТО) Џамбо Агушев по трет пат стана татко: Доби уште една наследничка!

Покрај светските новости за најдобар албум Џамбо Агушев има уште еден повод за среќа…но и честење…

Македонскиот трубач од светска класа, Џамбо Агушев доби трета среќа, стана татко на уште една ќерка.
Тој гордо ја сподели оваа вест на својот профил на Фејсбук.


„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добредојде во нашето семејство, моја убава ќерко!“ – напиша Џамбо на неговиот фејсбук профил.


Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак десет години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт, и новородената ќерка која го доби името Мелинам.



За потсетување, неодамна Џамбо Агушев, обелодени дека неговиот албум „Brasses for the masses“ е прогласен за најдобар албум според престижната “German Record Critics” за 2020 година.

Извор: vistina.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …