(ФОТО) Чудо во пустина: Лековито езеро околу кое никнало село со „5 ѕвездички“

Во четириесеттите години на минатиот век Хуачина станала популарна спа дестинација за богатите перуанци кои тука барале спас од многу болести…
Хуачина е оаза во пустиња во јужно Перу која е оддалечена десетина минути од гратчето Ика и пет часа од главниот град Лима. Станува збор за село изградено околу природно езеро кое е окружено со палми и монументални песочни дини.


Во четириесеттите години на минатиот век Хуачина станала популарна спа дестинација за богатите перуанци кои тука барале спас од реума, артритис, астма и бронхитис. Имено, локалната легенда вели дека езерото има лековити моќи и дека лекува различни врсти болести на оние кои ќе се избањаат во него.


Легендата вели дека езерото има лековити моќи.


Во педесеттите години на минатиот век туристичката атрактивност на Хуачина почнала да се намалува и со децении била напуштена. Работите почнале да се менуваат на подобро кон крајот на милениумот кога разни инвеститотри почнале да нудат можност на разгледување на ова чудо во пустињата, на возилата буги.
Со време се изградиле ресторани кои нудат се – од класична перуанска кујна до италијански пици. Со возење во буги и гуадови, тука можете да испробате и даскање на песок или да снимите спектакуларни фотографии пред восхитувачките песочни дини. Токму поради тоа Хуачина денес ја посетуваат лица од сите генерации.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …