(ФОТО) БРУТАЛНА ОСВЕТА НА МАЈКА: Педофил ја силувал и и’ ја убил ќерката – потоа таа ги земала работите во свои раце и го кастрирала!

Вероник Маквена од Јужноафриканската република е обвинета дека се обидела да го убие мажот што ја силувал и ја убил нејзината ќерка Шантел (5) со отсекување на пенисот.
На клупата на обвинети биле и нејзина роднина и една семејна пријателка.
Како што се наведува, мајката на несреќото девојче, наводно, отишла во продавницата со својата сестра, а кога се вратила, Шантел исчезнала.
Ја барале цела ноќ, но немале успех. Дури следниот ден, нејзиното крваво тело било пронајдено во јавен тоалет и започнала полициска истрага.
Еден млад човек, на возраст од околу 20. години, бил однесен на ДНК-тестирање, но полицијата соопштила дека не можат да го уапсат се’ додека не пристигнат резултатите.


Еден месец подоцна, Маквена, нејзина роднина и пријателка се сретнале со осомничениот и го обвиниле за смртта на девојчето.
За време на расправијата, тие го нападнале и му го отсекле пенисот. Веднаш бил однесен во болница, а Маквена е уапсена и поминала две недели во затвор додека не биле собрани пари за кауција.
Целиот случај привлекол големо внимание, а на очајната мајка и е продолжено судењето.
“Кога го најдоа телото на мојата ќерка, срцето ми се скрши, јас се скршив. Мојата ќерка замина. Додека ја баравме таа ноќ, таа лежеше во тој студен тоалет. Јас сум сè уште скршен”, рекла мајката.
Следното рочиште е закажано за февруари, со цел да се соберат повеќе докази.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …