BMW итно повлекува 230.000 автомобили: Издале предупредување поради голема опасност!

Поради опасност од пожар баварскиот автомобилски гигант BMW ќе повлече 230.000 возила од целиот свет, опремени со четирицилиндрични дизел мотори.
BMW го проширил бројот на возилата во повлекувањето. Целата акција била покрената уште минатата година а сега се зафатени уште повеќе возила.
Проблемот бил во системот на издувните гасови, а бил зафатен поголемиот број на модели на BMW производи од серијата 1 до серијата 7 како и SUV-овите од X1 до X6.
Ќе бидат контактирани сите сопственици, а во BMW тврдат дека ризикот од пожар е минимален. Загрижените сопственици можат да проверат дали нивниот модел е погоден со проверка на VIN бројот на службените страници на BMW,пишува HAK ревијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …