(ФОТО) Бред Пит ги открива чувствата по раскинувањето со Анџелина Џоли

Бред Пит ги усмерил своите лични проблеми во скулптура која сега е изложена заедно со делата на уметникот Томас Хаусаг и музичарот Ник Кејв
Бред Пит отворено зборувал за создавање уметност додека се справувал со лични превирања. Во новото интервју за Financial Times, актерот зборува за изработката на неговите скулптури, кои се прикажани заедно со делата на неговите долгогодишни пријатели, австралискиот музичар Ник Кејв и британскиот уметник Томас Хаусаг, на изложба во Музејот на уметност Сара Хилден во Тампере, Финска.

View this post on Instagram

A post shared by Brad Pitt (@bradplt)


Во месеците по разделбата со Анџелина Џоли во 2016. година, 58-годишниот Бред Пит поминал извесно време работејќи на скулптури во уметничкото студио на Хаусаг во Лос Анџелес, за време на кое рекол дека двајцата се поврзале поради тешкотиите во нивниот живот.
– Нашата заедничка мизерија стана комична. И од оваа беда излезе пламен на радост во мојот живот, рекла ѕвездата на Bullet Train за своето време поминато со уметникот.
– Се работи за саморефлексија, изјавил Бред за Financial Times и додал дека се навраќал на сопствениот живот и проблемите каде што бил соучесник во неуспесите во неговите врски и каде сум правел се погрешно.
-Разбирам дека морам да чекорам со болката што ја доживувам, но морам и да чекорам со радост, убавина, заклучува тој.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …