Американската актерска двојка Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс станаа родители по четврти пат.
Актерката ја објави радосната вест на својот Инстаграм профил во пресрет на неделата на Супер Боул, кога целиот свет нетрпеливо го чекаше настапот на Ријана.
Блејк на споменатата социјална мрежа објави компилација од фотографии од нејзините омилени јадења, како и семејна слика на која актерката веќе нема стомак. Нејзините многубројни обожаватели веднаш реагираа, а во коментарите испратија честитки и поддршка до нејзината мама.
View this post on Instagram
„Честитки Блејк“, „Честитки, неверојатна си“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, омилената актерска двојка веќе има три ќерки – Џејмс (7), Инез (6) и Бети (3), а нивното семејство сега е побогато за уште еден член. Парот се уште не се огласил за медиумите, а се уште се чекаат информации за полот и името на детето, пишува „Daily Mail“.
Фото: Архива