(ФОТО) Бившиот бргу ја заборавил Џенифер Анистон: Има нова девојка!

„Ние сме најдобри пријатели кои одлучиле да се разделат како двојка“ тврделе Анистон и Тиеро после прекинувањето а најголем проблем им бил договорот околу кучињата…
„Тоа била најтешката работа околу која морале да се договорат после прекинувањето. Џенифер и Џастин отсекогаш кон своите кучиња се однесувале како да им се деца“ рекол пријател на бившиот актерски пар, Џенифер Анистон (49) и Џастин Тиеро (46), пишува британскиот таблоид The Sun.

It's always great when life is simple


A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferanistononline) on


Анистон и Тиеро се разишле после три години врска, а имаат три кучиња, мешавина на белиот овчарски Доли, териерот Клод и пит булот Софи. Глумицата на бившиот маж кој во Њујорк има уште еден питбул, му дозволила да ги посетува нивните „дечиња“, како што ги нарекувале. Двојката во средината на минатиот месец објавила дека прекинале за да спречат било какви нагаѓања.

TWO years down….A Lifetime of Happiness to go. HAPPY ANNIVERSARY MY LOVE❤️


A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferanistononline) on

„Ова заедно го одлучивме кон крајот на минатата година. Ние сме двајца најдобри пријатели кои одлучиле да се разделат како пр, но се радуваме што ќе го продолжиме нашето драгоцено пријателство“ истакнале во соопштението.
Додека Анистон после прекинувањето ја виделе расплакана и тажна, Тиеро,веќе,
наводно, има нова девојка, телевизиската водителка и дизајнерка Алекса Чанг
(34).

Глумецот поради неа отишол до Париз каде се случувала Недела на модата,а некои и’ тврдат дека токму Чанг е причина за неговото прекинување со Анистон. Се запознале минатата година, преку заеднички пријатели а пред еден месец се
дружеле во Њујорк, на модната недела. После тоа водителката го посетила
глумецот на неговиот имот.

RG @delphinecourteille_paris

A post shared by Alexa (@alexachung) on

Чанг минатото лето прекинала со шведскиот глумец Александер Скарсгард (41) после две години врска. Скарсгард кој е познат по серијата „Малечки лаги“ и водителката прекинале поради пренатрупаниот распоред и бројните обврски поради кои не можеле често да се гледаат.
„И понатаму се сакаат и имаат многу почитување еден за друг“ рекол пријател на двојката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …