(ФОТО) Хорор во живо: 20.годишна глумица на суд поради лузни добиени на снимање филм!

Се чини дека новите продукции за снимање филмови ги заборавиле старите добри правила за снимање филм. Особено, кога во филмот има сцена во кој се крши стакло или, како во старите добри филмови – главните актери „пролетуваат“ низ стаклени ѕидови…а потоа не им е ништо. И, техничарите, своевремено, кои работеле некои од тие сцени откриле дека тие „стакла“ се прават од шеќер со специјална технологија…
Но, 20. годишната глумица Тејлор Хиксон ја немала таа среќа и морала да се соочи со вистинско стакло…

20. годишната глумица, настрадала за време на снимањето на хорор филмот “Ghostland” кога паднала врз стаклена врата и се здобила со повреди на лицето. Таа со соопштение ја известила јавноста дека ќе ја тужи филмската продуцентската куќа која стои зад овој филм.
Канадската глумица која се појавила и во филмското остварување “Deadpool”, тврди дека ќе ја тужи филмската продуцентската куќа, поради повредите со кои се здобила за време на снимањето на хорор филмот “Ghostland”. Продуцентот Паскал и’ рекол посилно да удри во стаклената врата за време на една од сцените.


Но, Хиксон буквално ја скршила вратата и паднала врз неа, така што успеала да си го исече лицето и горниот дел од телото, добивајќи десетици лузни. После тоа, глумицата морала да направи пластична операција за да ги прикрие добиените лузни.

Таа поднела тужба против продуцентската куќа Incident Productions, тврдејќи дека лузните и’ го промениле изгледот на лицето, а тоа резултирало со губење на приход. Продуцентот Паскал не бил именуван во тужбата.


Фотографијата од глумицата кога била во болница покажува со колку страшни повреди се здобила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …