Актерката, 49-годишната Шенон Доерти во моментов минува низ тешка битка со малигна болест, а последните недели јавноста се соочува со сериозноста на нејзината сопствена здравствена состојба. Популарната Бренда, sвезда на хит серијата од 90-тите „Беверли Хилс 9021“, неодамна призна пред јавноста дека пишува проштални писма и снима видеа за своите најблиски и дека за последното збогување пронашла песна што сака да и се отпее и свири. Тоа е познатата песна ‘Tears in Heaven’ за која се смета дека е една од најголемите балади во историјата на рокенролот и сега открила во што сака да биде погребана.
„Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан кој што го добив од една од најдобрите пријателки пред неколку години. Во него се чувствувам посебно. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во добро сеќавање“, започнала таа.
„Во последните неколку месеци се трудам да ги поправам односите, да им се извинам на луѓето кои што сум ги повредила – свесно или несвесно. Настојувам да живеам и да уживам во тоа малку време колку што ми остана“, изјавила актерката.
„Се плашам, секако дека се плашам. Не знам што ме чека кога ќе го испуштам последниот здив и каде ќе отиде мојата душа. И тажна сум, тажна затоа што нема да можам повеќе да ги видам моите пријатели, да се дружам со нив, да ги бакнувам и прегрнувам. Мора да прифатите да живеете со сите лоши и добри работи“, заклучила таа.