(ФОТО) 94-тe Оскари® вечерва на МРТ

Македонската Радио Телевизија ексклузивно ќе го емитува 94-то доделување на најпрестижните филмски награди во светот, Оскарите…
Македонската Радио Телевизија ексклузивно ќе го емитува 94-то доделување на Оскарите в недела, 27-ми март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2021 година. Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ 10, а по седум номинации добија „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.


На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите.

View this post on Instagram

A post shared by oscars awards 2022 (@oscars.awards.2.0.2.2)



Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс првпат ќе бидат водителки на Оскаровската церемонија.
„Годинава идејата на Оскаровското шоу е да се обединат љубителите на филмот. Затоа и поканивме три од најдинамичните, забавни жени со многу различни стилови во комедијата“, изјави продуцентот на шоуто Вил Пакер.
Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд и Хајланд®, Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот.

Оскаровската забава започнува со преносот од Црвениот тепих во 00.30, а доделувањето е планирано за 02. часот


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …