(ФОТО) 3.500 чекори до дното: Ова е најдлабокиот бунар на светот!

Овие фотографии веројатно веќе сте ги виделе а да не сте знаеле каде се направени ниту што се наоѓа на нив…
Ченд Баори е најдлабокиот бунар во светот до кој водат скали и може да се достигне без оглед на времето од годината затоа што начинот на кој е дизајниран е секогаш полн со вода. Ова е исто така класична архитектура од 8. и 9. век, која е препознатлива за хиндускиот свет.
Бунарот со 3.500 скали, кој се спушта ан длабочина од 35 метри, се наоѓа во Раџастан, селото Абахари,а е изграден пред околу 1.200 години. Опкружен е со мрежа на скали од три страни, додека на четвртата е комплекс од кралските резиденции и сцени со раскошно украсени скулптури и орнаменти.


Ѕидовите и скалите се направени од темни вулкански камења кои спречуваат излевање на водата, така што за време на монсунските дождови бунарот се полни скоро до врвот.
Ченд Баори порано имал вистинска функција на бунар а денес водата во него не е за пиење. Како и да е, оваа зграда стана туристичка атракција, но и омилено место за собирање на локалното население.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …