Заедно биле на скијање во Колоради, на летување на Медитеранот, на музички фестивал во Калифорнија, а најмногу време минуваат во Њујорк.
Во едно интервју, младата Камил, првпат проговорила за нејзината љубов со 45. годишниот глумец.
„Во Холивуд како и во историјата на светот има многу љубовни врски кои имале голема разлика во години. Мислам дека секој треба да биде со оној кој сака“, рекла Мороне и со тоа уште еднаш се обидела на злобниците да им ја затвори устата кои нејзината љубов ја сметаат за чудна и непримерена.
Да потсетиме, Камила еднаш преку нејзиниот профил на Инстаграм се обидела на јавноста да и објасни дека нејзиниот приватен избор не треба да чуди.
„Верувам дека луѓето тоа ги интересира, можеби да сум во друга позиција и мене би ме интересирало. Но, ми пречи што моето име низ медиумите се провлекува исклучиво преку љубовна тематика и со мојот партнер.Сепак, тоа полека се менува па луѓето почнуваат да ме препознаваат поради моите улоги, радота и труд, а тоа ми е цел“, заклучила убавицата.
Своето актерско деби Камил го одработила уште во 2013. година во филмот „Буковски“, а потоа следеле пет години пауза. Се вратила во 2018. година со филмот „Death Wish“, а прилика и дала и продуцентката Агустин Фризел во филмот „Never Goin’ Back“ во кој, всушност, била втор избор.За среќа на Камил, глумицата се повлекла од проектот, па своите пет минути ги добила токму таа. Критичарите ја забележале на филмскиот фестивал „Sundance“, на кој филмот бил прикажан. Некои тврдат дека тогаш ги потсетила на почетоците на денес големата Џенифер Лоренс. Токму филмските фестивали уште во 2009. година ја одработиле најголемата работа при нејзиното пробивање до ѕвездите.