(ФОТО+18) Пред 14. години „порничот“ на Северина од јахтата ја „вознемири“ јавноста: Сега се појавиле голи фотографии од спорниот видео филм…

Пред 14. години, експлицитното видео на Северина Којиќ, кое го снимаше со својот партнер Милан Лучиќ, ја шокираше јавноста, а вчера се појавија фотографии каде што пејачката е, наводно, како од родена мајка.
Сликите, како и порно филмот, Северина Којиќ, кренаа многу прашина, а пејачката го коментираше скандалот.
Северина неодамна се сети на својот најлош период во животот, кога е објавен нејзиниот порно филм од јахтата и истакнала како тогаш ја поддржувал нејзиниот покоен колега Арсен Дедиќ.
„Имав некои ситуации во мојот живот кога ми беше баш лошо, нема да зборувам за нив сега, тоа не е ништо смешно, но има некои ситуации во животот кои беа многу духовити во најлошите ситуации за една жена. Знаете кога излезе, пред сто години, оној мој филм, јас сум сеуште убедена дека никој никогаш не го гледал! Во такви ситуации, луѓето секогаш треба да заштитат некого, да го поддржат, да добијам илјадници повици, СМС-пораки, сè”, се сеќава Северина, а потоа открила што и рекол Дедиќ во телефонскиот разговор.

“Арсен Дедиќ ме повика и ми вели:’Колешке, слушнав дека имате филм, но немате музика, па затоа се препорачувам”, изјавила Северина за анегдота
своевремено за 24.експрес.
Запрашана дали нејзиното порно и одмогнал или и’ помогнал во кариерата, вели:


„Во што да ми помогне? Да бидам позната, да бидам славна, да бидам на телевизија? Знаете, тоа не би била афера ако стануваше збор за непознат човек, само моето име ја направи оваа афера позната Ако успехот на некој е фрлен во калта и во длабока депресија, ако успех е да ви се откажат договорите за спонзорство, и кога секоја смеа која ја слушате ви е упатена вам, и кога морав да се откажам од она што најмногу го сакав, речиси седум месеци, а тоа се концерти, тогаш прашањето е, што е тоа неуспех? Особено ако таквиот неуспех ми се случи на ридовитиот Балкан. Станав јавно добро на нечие зло. Се сметам за сосема нормална личност и како таква не знам кому аферата му одеше во прилог. Тоа е тежок удар за секоја жена”, рекла Северина, додавајќи:


„Во текот на овие дваесет години, колку што сум на сцената имало поединци кои медиумскиот простор го користеа за лични интереси. Некои од нив не им се допадаѓав и ширеа лаги, а некои само објавија лажни статии со лажни изјави што никогаш не сум ги дала.Не знам како тоа се вика новинарство, а мојот менаџер веќе е уморен од демантирање”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …