Фијук Саем во Лабораториум

БОШ Фестивал, Партизанска штампа и Гола Планина Колектив ве покануваат на ФИЈУК САЕМ, денес со почеток од 17:00 часот во културниот центар Лабораториум во Скопје.

ФИЈУК САЕМ е настан за промоција на независно издаваштво инициран од колективот Матријаршија во Белград, со цел да собере на едно место што поголем број на мали издавачи кои се бават со уметничка продукција и издаваштво на книги, фанзини, весници, цртежи, скици, слики, фотографии и музика. Целта е нивна промоција, поврзување, вмрежување и поголема видливост. Истиот се шири во овој формат и под ова име и во Хрватска, Шведска, Словенија со повремени настани кои привлекуваат значителен број на публика, задолжително поддржан со музичка програма.


Отвoрање на саемот со ИЗЛОЖБИ на:
Атила Старк , Будимпешта, Унгарија
Јован Гаковски, Скопје, Македонија
Мила Добревска, Скопје, Македонија

Затворање со музичко-сценски перформанс на Јован Гаковски, Јоана Ристеска, Иво Николовски
и Гол Партизански Џем.


Работилници со КОЛАЖ, ПЛАСТЕЛИН, ШПРЕСА И СИТО ПЕЧАТ ВО ЖИВО!

Учесници:
Matrijarsija
Longest Night
Shock Troopers
Тома Димовски
Партизанска штампа
Арт Еквилибриум
СловоКулт
Јелена Белиќ
АШ
Матеј Богдановски
5060
Луфтханза
Кула Колектив
Ана Таи Таи
Шарла Рекордс
Boiling Point (Kran Records)
Green Hill Records
Indog
Лусиана Ампева
Издавачка куќа “Илика”, Скопје
Марта Патлиџанковска
Црна Хроника
Ана Спасова
Евгенија Трајковска
Теона Димитриевска
Бисера Бенко
Габриела Живковска
YOU
ПМГ Рекордингс
Тања Вукобрат
Дона Илијевска
Наташа Гелева
Јулија Ојден
Спознавање
Пондер
Дона Илијевска
Стефан Алијевиќ
Дамјан Ѓоргиевски
Александар Бараковски
Александар Танчовски
Марко Марковиќ
Иван Аврамовски


Ве очекуваме!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …