Еве какво време не очекува од утре!

Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Во вторник ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, најавуваат од УХМР.
Утре  (понеделник) ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува вдолж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од -1 до -3, а дневните од 4 до 12. степени.
Во вторник се најавуваат врнежи од дожд и снег. Минимална температура: -3°C до 4°C. Максимална температура: 0°C до 8°C.
Во среда не очекува сончево време. Минимална температура: -8°C до 3°C. Максимална температура: 5°C до 12°C.
За четврток исто така се најавува сончево време. Минимална температура: -5°C до 3°C. Максимална температура: 9°C до 15°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” е отворена изложбата “Пиктограми” од Светлана Попова и Марија Штерјова

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп синоќа 26.04.2024, е отворена изложбата “Пиктограми” од …