Сува кожа на телото – причини, симптоми и решенија!

Над 40% од посетите на дерматолози се поврзани со сува кожа. Може да се појави било каде на телото, но најчесто се засегнати рацете, стапалата, колената, лактите и лицето, бидејќи овие области почесто се изложени на надворешни фактори кои можат да ја влошат нивната состојба (како студеното време). Сува кожа има и на лицето.

Сувата кожа може да ја чувствуваме затегната и груба. Кога кожата на телото е многу сува и дехидрирана, таа може да се чувствува затегната, груба, се перута и чеша. По тоа ако кожата не се негува соодветно јадежот може да се интензивира, па дури и да се појават и пукнатини на кожата.


Делови на телото засегнати од сува кожа


Сува кожа на телото често се појавува во пределот на шаките, стапалата, лактите, колената и глуждовите. Сувата кожа на стапалата е честа појава што води до распукани пети. Посериозното распукување може да предизвика болка и воспаление.

Сувата кожа може да е поврзана и со определени заболувања:


Ксероза е медицински термин за сува кожа. Тој доаѓа од грчкиот јазик каде што “xero”, означува “сув”, а “osis” означува “болест”.

Кератозис пиларис (уште позната и како кокошкина кожа) е состојба којашто често се среќава при сува кожа. Предизвикана е од натрупувањето на кератин во влакнениот фоликул. Најчесто засегнати зони на кожата се грбот и рамената, коишто се покриени со бројни мали бели и лесно црвени дамки. Кожата е на допир груба и рапава.

Атопичен дерматитис и псоријаза исто така се поврзани со сува кожа. Обично кожата при тие состојби изгледа на места црвена, се перута и води до појава на интензивен јадеж.

Метаболните заболувања како диабетес и заболувањата на бубрезите, исто така можат да го зголемат ризикот од сува кожа.

This image has an empty alt attribute; its file name is ECN_19711_UreaRepair_Scent_Woman_Cardigan_PR_CMYK-Print.jpg

Нега за сува кожа на телото

Причина за сува кожа е нарушувањето на нејзината бариерна функција, што води до загуба на влага и намалена способност на кожата да задржува влага, а како резултат на недостаток на хидратантни фактори (NMFs). Ете зошто сувата кожа има потреба од режим на нега којшто ќе ја заштити од дополнително влошување на состојбата на кожната бариера и ќе ги надомести намалените количини на природни хидратантни фактори (NMFs).

Сувата и многу сувата кожа, како и сувата кожа при атопичен дерматитис, диабетес или псоријаза има потреба од нега со соодветни производи, разработени во зависност од нивото на сувост на кожата. При изборот на производ за нега на детска кожа, секогаш проверете ја препорачаната возраст или консултирајте се со фармацевтот или лекарот.

Препораки за нега на сува кожа на телото

This image has an empty alt attribute; its file name is INT_EN_ECN_207017_UreaRepair_Scent_Range_Lotion_and_Foam_02_2020_PR_CMYK-Print.jpg

Миење на сувата кожа на телото

Најчестата причина за сува кожа се должи на нарушувањето на природната бариера на кожата. Производите со алкални состојки можат да го нарушат заштитниот слој на кожата, па затоа е важно производот за измивање да е доволно нежен и да ја потхранува кожата. Дополнителните природни хидратантни фактори (NMFs) како на пример уреата, исто така помагаат да се обнови балансот на вода во кожата.

Хидратација на сувата кожа на телото

Првото барање кон хидратирачките супстанции за сува кожа е да го обноват балансот на вода во горните слоеви на кожата. Уреата, лактатот и други природни хидратирачки фактори се врзуваат со водата во рожнатиот слој (горниот слој на кожата). За груба и сува кожа, концентрација на уреа од 5% е доволна. При многу сува и распукана кожа која се перута и чеша, неопходно е користење на повисока концентрација на уреа – 10%. Линијата Eucerin UreaRepair PLUS за сува кожа содржи креми и лосиони, за раце и стапала со 5% и 10% концентрација на уреа.

НОВО! Деликатниот мирис на новите ароматизирани производи во линијата Eucerin UreaRepair PLUS – Eucerin UreaRepair PLUS Парфимирана пена за туширање за лице и тело и Eucerin UreaRepair PLUS Парфимиран лосион за тело со 5% уреа, комбинираат докажана ефикасност со деликатен, смирувачки и нежен мирис за кожата, кон којшто сувата, чувствителна кожа има докажано добра подносливост. Можете да уживате во златната средина од мириси и нега без компромис.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …