(ФОТО) Една недела се туширала со ладна вода и ги покажала резултатите

Стефани Хоуп со месеци слушала за придобивките од туширањето со ладна вода. Слушнала дека позитивно влијае на психата, кожата, косата и го олеснува воспалението на мускулите после тренинг.
Студениот туш наутро ве буди веднаш, а Стефани не е „утрински тип“. Таа сака да спие и тешко се буди. Иако лекарите ги предупредуваат луѓето со срцеви заболувања да се воздржат од студени тушеви, луѓето ширум светот се колнат во феноменалните промени што следеле откако започнаа со новата рутина.
Така, Стефани решила да проба една недела. Секое утро се туширала со ладна вода. Еве како поминала.

Ден 1: Веќе се покајав
Јас навистина денес не пуштав баш ладна вода и се чувствував повеќе будна по овој прв туш од вообичаеното. Исто така, морам да кажам дека бричењето на нозете под ладна вода не е забавно. Јас треперев, па мојот жилет беше подготвен да нападне. Значи, бричењето боли. Нема да се бричам повеќе оваа недела.


Ден 2: Будна сум и нервозна
После моето тажно туширање, дефинитивно бев повеќе будна и подобро расположен од вообичаеното пред првото утринско кафе (се шегувам – пијам кафе без кофеин). Мојата коса е сè уште малку налектризирана. Го скратив времето за туширање. Нема повеќе да седам и да размислувам за животот 20 минути, па затоа станав попродуктивна, пренесува Buzzfeed.com.


Ден 3: Мојата коса е феноменална
Имам минивал и моите кадрици изгледаат одлично откако почнав да ја мијам косата со ладна наместо со топла вода.
Мојата коса е многу помалку наелектризирана, а моите кадрици се поцврсти и посјајни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …