Доаѓа снегот: Најголемиот дел од Македонија ќе побелее

Најавените прогнози се остваруваат – од утре, понеделник (27. ноември) не очекува вистинска зима…Снегот и ниските температури се веќе на Балканот…
Под влијание на влажен воздушен бран од денес доцна попладне и навечер најпрвин во западните предели од државава ќе има врнежи од дожд кој во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник) полека ќе се шират над целата територија на држава додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег каде ќе се формира снежна покривка.
Исто така во текот на ноќта кон утрешниот понеделнички ден ќе започне да дува засилен ветер од северен правец со што од север ќе започне спуштање на многу студен воздух па така температурите значително ќе опаѓаат со што ќе започне и спуштање на снежната граница.
Така од утрешното понеделничко попладне па и во текот на вечер и ноќта кон денот вторник врнежи од снег ќе има и на пониските места (градовите) и тоа особено во северните, североисточните и во источите предели на државава и токму на овие места врнежите ќе бидат поинтензивни со што снежна покривка ќе се формира и на пониските предели.
На планинските места ќе се формира снежна покривка некаде до, па и над, 30 см додека на пониските места на североистокот и истокот од државава од 10. до 15. цм а на повисоките и до 20. цм.
Максималните дневни температури на воздухот утре (понеделник) ќе се искачуваат во интервалот само од 2. до 9. степени меѓутоа од доцна попладне ќе опаѓаат, најавуват од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …